Жена открива какви се ужасни работи пронајде во стомакот на рибата која требала да биде оброк за нејзиното семејство. Ана Нурјанах од западна Јава ја купила махи-махи рибата од пазарот во јужниот дел на островот.

Таа вели дека нејзината помошничка ја повикала во кујната да ја погледне рибата откако „органите ѝ изгледале чудно“.

Ана се шокирала кога од стомакот на рибата извадила дури 8 пластични предмети, вклучувајќи и цела пласична лажица и обвивка од бомбони. Исто така во рибата имало и капаче од дезодоранс, долга пластична лента, и разни други помали парчиња пластика.

Махи-махи се чести риби за водите околу екваторот. Тие се предатори на површински предели кои се хранат со алги кои лебдат на површината на водата, како и со други мали риби. Поради тоа што тие јадат сѐ што ќе им излезе на патот, најчесто стануваат жртви на човечката „некултура“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено