Што се случува на фестивалите останува на фестивалите, нели? Па, ако случајно ѝ испратите на вашата мајка фотографија каде ве нудат со дрога на фестивалот, тогаш најверојатно не.
Токму тоа му се случило на едно момче кое сакало на својата мајка да ѝ испрати фотографија за да ѝ покаже дека е добро на шумскиот фестивал Електрик.
22-годишниот Логан не знаел дека пријателот по грешка прави фотографија во живо и без да погледне ја испратил на својата мајка. На подвижната фотографија се гледа како на Логан некоја личност му нуди пакетче во кое најверојатно има кокаин.
Момчето вели дека не ја прифатило дрогата и дека успеало да се извлече пред неговата мајка, но дека му е „мило“ што сите добро се насмеале што за малку неговата мајка ќе мислела дека синот ѝ е наркоман.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.