Повеќето од нас се борат со нашата перцепција за сопствениот изглед. Ние постојано чувствуваме дека не сме доволно убави или слаби. Овој вид на сомнеж што постојано ги следи повеќето од нас станува уште поголем кога луѓе „без мозок“ ќе кажат непотребна навреда.

Најчесто кога ќе слушнеме ваков коментар се правиме дека не сме слушнале или дека не нѐ погодил, освен ако не сте како Фредерико Хил и знаете како да се справите со ваквите глупави навреди.

Федерико чекал ред за да си купи од омиленото пилешко во ресторан за брза храна и тогаш бил „жртва“ на една мајка. Жената чекала ред зад него со своето расплакано дете на кое му рекла дека може да добие само едно парче пилешко инаку ќе заврши ДЕБЕЛ како чичкото пред него.

Потоа Федерико го прашал вработениот дали пилешкото пред него е сѐ што останало и тој му рекол дека да. Тогаш тој ги земал сите 15 парчиња, платил и полека почнал да си излегува од ресторанот. Кога мајката дошла до касата вработениот ѝ објаснил дека немаат повеќе пилешко и дека ќе мора да чека 30 минути. Нејзиното дете продолжило да плаче, а таа била лута и вознемирена.

Жената му упатила лут поглед на Фредерико, а тој ѝ го покажал средниот прст и заминал дома да си ужива во пилешкото.

Иако непланирано потрошил повеќе пари Фредерико вели дека вредело за да го види изразот на нејзиното лице.

Сподели на Facebook
пати видено