Мрзливците се многу интересни животни кои живеат во Јужна Америка, а името го добиле заради нивните бавни движења. Познати се по тоа што животот го поминуваат висејќи со главата надолу на дрвјата од тропските дождовни шуми на Јужна и Централна Америка. Интересно е што нивната мрзливост всушност многу им користи во животот. Мрзливоста им е всушност еволуциска адаптација на нивната ниско енергетска исхрана, која се состои од лисја, односно трошат многу малку калории. Исто така со бавните движења избегнуваат да ги откријат грабливците како што се јастребите и мачките, кои ловат користејќи го видот.

Сподели на Facebook
пати видено