Влезете во животот на Дали преку ново интерактивно видео, креирано со помош на вештачка интелигенција, во кое што починатиот познат уметник, Салвадор Дали ги поздравува посетителите на музејот во Флорида и прави селфи со нив.

Компјутерските научници го создадоа лицето на Deepfake Dalí со хранење на алгоритам со 1.000 часа архивски видео снимки од уметникот, каде што тој дава интервјуа за време на неговиот живот. Потоа сите податоци на дигитален начин ги „наметнале“ на актер со слична фигура како Дали.

Додека посетителите се доближуваат до киоскот во кој се наоѓа лажниот Дали, уметникот ги поздравува и раскажува приказни од неговиот живот. Потоа Дали „зема“ мобилен телефон во раката и прави селфи, додека камерата на киоскот ги фотографира посетителите со Дали.

Сподели на Facebook
пати видено