Сопственик на дом во Аделаида, Јужна Австралија, споделил неверојатна и страшна фотографија на која се гледаат 8 мртви гуштери.

Оваа фотографија не би била толку страшна доколку човекот не го открил и нивниот ладнокрвен убиец.

Станува збор за смртоносната и многу отровна Австралиска црна вдовица. Лукавиот пајак успеал сите да ги намами и убие во својата мрежа. Еден од нив најмногу ги запрепасти луѓето бидејќи е прилично голем и на фотографијата може да се види како пајакот стои згрчен до него.

Енџи Бродсток, експерт за пајаци, вели дека никогаш не забележала вакво однесување на Австралиска црна вдовица. Женките се многу поголеми од мажјаците, поотровни и поопасни. Тие имаат препознатлица црвена линија на нивниот грб. За жал овие пајаци не ја преферираат природната околина и најчесто живеат во населени места, каде што има луѓе.

Мажјаците кои се хранат така што крадат остатоци од она што ќе го остави женката, најчесто и умираат за време на парењето бидејќи женките практикуваат „сексуален канибализам“.

Сподели на Facebook
пати видено