Јунајтед парсел сервис(United Parcel Service) или UPS, како што е најдобро познато во САД е најголемата светска компанија за доставување на пратки, која во повеќе од 200 држави и територии секојдневно доставува 14 милиони пакети.

Доставувач на UPS од Њу Орлеанс успеа да ја претвори својата работа во прекрасно хоби. Името на нашиот денешен херој е Џејсон Хардести и тој додека работи како доставувач, се фотографира со секое куче кое ќе го запознае на својата маршута.

Со ова го побива митот дека кучињата „ги мразат поштарите“ и покаќува дека за поубав и посреќен ден на сите ни е потребна малку љубов. Тој фотографиите ги објавува на својот Инстаграм профил со хаштагот #pupsofjay. Ние ви препорачуваме, доколку сакате да почувствувате топлина во вашите срца да ги погледнете овие фотографии.

Сѐ започнало во 2017 година кога Џејсон добил нова траса. Самиот човек признал дека кучињата на неговата стара рута биле прилично непријателски расположени и агресивни. Значи, кога почнал да работи на нова рута, тој сфатил дека кучињата биле помалку агресивни и дури слатки.

Речиси сите кучиња на неговата рута го познаваат Џејсон, а на нивните сопственици не им пречи што доставувачот се игра со нив.

Џејсон се обидува да не претера со фотографиите на профилот и така објавува по една фотографија неделно, по 18:00 часот во петок, така што луѓето ќе можат насмеани да го започнат викендот. По, фотографиите може да се види дека Џејсон си ја сака својата работа и е задоволен од неа.

Сподели на Facebook
пати видено