Ајнштајн бил во право кога рекол дека две работи се бесконечни, универзумот и човечката глупост. А за второто ние сме сигурни, навистина е бесконечна.

Оваа жена била нападната од јагуар во зоолошка градина, во Аризона, откако се искачила над поставената бариерна ограда, која служи да ги заштити посетителите од дивите животни и таа да уживаат во нивната убавина. Очевидци рекле дека се искачила за да му се доближи на животното во обид да направи што поинтересно селфи со него, а наместо селфи, за наместо тоа животното ја нападнало и растргнало, при што се здобила со тешки повреди.

На снимката снимена од страна на еден од сведоците се гледа жената легната на под и плачејќи од голема болка, се држи на местото на раната, при што може да се забележи длабок процеп на самата кожа.
Официјалните претставници на зоолошката градина изјавиле дека е точна информацијата дека жената се искачила преку оградата и ја истражуваат целата ситуација. “Жалиме да ве информираме дека оваа вечер пред затворањето беше пријавен инцидент при кој еден од присутните гости ја пречекори поставената ограда, за да добие фотографија со животното, според земените изјави од сведоците”, се вели во соопштението од управата на самата зоолошка.

Директорот на зоолошката градина изјавил дека ова е втор пат за само еден месец јагуарот да нападне посетител. Иако во новонастанатиот инцидент, жената претрпела немилосрдни повреди на нејзината рака, сепак директорот донел одлука дека јагуарот нема да се еутанизира, бидејќи како што стои во изјавата, тоа се диви животни и поставените огради се поставени со намера, а задача на посетителите е да ги почитуваат тие правила, за нивна безбедност. Во случаеви како овој, не се виновни животните кога други ги преминуваат оградите.

Човечката алчност и желба исто така се бесконечни, па по се изгледа, оградите се поставени најпрво да ги заштитат животните од ваквите непромислени постапки на посетителите.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено