Ехуд Арје Ланидо, милијардерски трговец со дијаманти почина откако имал срцев удар за време на операција за зголемување на машкоста, во Париз.

Во светот на скапоцените камења, Ехуд Арје Ланиадо бил синоним за експерт на дијаманти, чиј врв во кариерата го одбележа продажбата на најскапиот дијамант во светот наречен ‘Сината Месечина на Јозефин’, а го продаде на бизнисменот и осудуван престапник од Хонг Конг, Џозеф Лау Луен, во 2015-та година за 48.4 милиони долари.

Овој белгиско- израелски милијардер, чие богатство не и е толку познато на јавноста, и претходно се имал најдено во неволји со властите, во 2013-та година, заедно со неговиот бизнис партнер, Силвен Голдберг. Избегнале да им се суди за затајување на данок со тоа што платиле 160 милиони евра.

Експертот за дијаманти својата кариера ја започнал во Африка, во неговите рани дваесетти години, кога наместо како останатите, да оди на факултет, започнал да работи како масер во Хилтон хотелот, во Тел Авив.

Господинот Ланиадо наводно го поседувал најскапиот пентхаус во Монако, проценет над 30 милиони долари, како и куќа во кадифеното предградие на Лос Анџелес, Бел Ер, каде како и е познато на јавноста, обожувал времето да го поминува пиејќи вина од Шато Марго, опкружен со манекенки и славни личности.

Пријател на Ланидо, кој преферирал да ја зачува својата анонимност, рекол дека милијардерот отсекогаш водел грижа и бил многу фокусиран на тоа како изгледа и како другите го перципираат: “Аргентинецот”, вака имавме навика да го нарекуваме бидејќи изгледаше како танго танцувач.

А единствениот пат кога експертот за дијаманти заборавал за својот недостаток на висина, било, кога го прашувал својот сметководител да му го прочита неговиот банкарски извештај, нешто што знаел да го прави и повеќе пати на ден.

65-годишниот милијардер починал во Саботата во приватна клиника, сместена на Авенијата на Елисејските Полиња во францускиот главен град, поради срцев удар кој настанал како резултат на супстанца што му била инјектирана во половиот орган, која за него била фатална.

Неговата компанија Омега Дајмондс, ситуирана во белгискиот град Антверп, ја потврдила неговата смрт.

Изгледа дека сепак на човек со нарушена самодоверба ни парите не можат да му помогнат и да го осигурат во сопствената кожа, бидејќи решението е себеприфаќањето, а не естетските корекции, бидејќи може да завршат фатално, како за овој несреќен милијардер.

Сподели на Facebook
пати видено