Одат во преријата Македонец, Албанец и Индиец. Ги стемнува и решаваат да побараат засолниште во еден ранч.
– Нема проблем, – им вели сопственикот – но собата е само за двајца, па едниот од вас ќе треба да спие во шталата.
Во шталата оди Индиецот. По некое време, некој тропа на вратата. Македонецот и Албанецот отвораат и што ќе видат – Индиецот. А овој објаснува:
– Во шталата има крава. Мојата религија ми забранува да спијам во соба со свето животно.
Немало како, па во шталата отишол Албанецот. По некое време, некој тропа на вратата. Македонецот и Индиецот отвораат и што ќе видат – Албанецот. А овој објаснува:
– Во шталата има свиња. Религијата ми забранува да спијам во иста просторија со такво животно…
Немало како, па во шталата отишол Македонецот. По некое време, некој тропа на вратата. Албанецот и Индиецот отвораат и што ќе видат – кравата и свињата.

Сподели на Facebook
пати видено