Една едноставна молба за да се развесели 8-годишно момче со терминален тумор се претвори во неверојатен приказ на празничниот дух, кој ги затопли срцата на луѓето низ светот.

Дрејк Квибодо од Луизијана има добиено повеќе од 40.000 честитки од целиот свет и сите му посакуваат среќен Божиќ. Сега кујната во семејната куќа е преполна со кутии во кои има честитки, играчки и книги.

Честитките пристигнале една недела откако семејството дознало дека туморот на Дрејк расте. Дрејк бил дијагностициран со Difuse Intrinsic Pontine Glioma, високо агресивен тумор пронајден во основата на мозокот, на почетокот на оваа година. Само пет проценти од децата со тумор преживуваат една година откако ќе бидат дијагностицирани.

Даниел Квибодо, мајката на Дрејк вели: „ На почетокот ни дадоа од 9 до 12 месеци. Не е за подароците, туку да му се даде до знаење дека заедницата се грижи за него. Тој со радост ми вели ‘види мамо ме сакаат’.“

Дрејк првин сакал 190 честитки, но луѓето го изненадиле со големата заинтеренсираност. Малото момче било посетено и од Дедо Мраз и различни маскоти, а честитките продолжуваат да пристигнуваат на неговата адреса.

Сподели на Facebook
пати видено