Студентка од Данди, Шкотска, се преплашила кога случајно открила дека мистериозна девојка цели две години го копира секој социјален настан од нејзиниот живот. Клои Клован (од левата страна на фотографиите) не знаела како да реагира кога забележала нејзина „копија“ на Инстаграм.

Мистериозната девојка напишала дека е од истиот град како и Клои, ги имитирала сите нејзини фотографии, облека, па дури и описот на фотографиите. Таа исто така имитирала и видео на кое Клои била заедно со нејзиниот починат татко.

Клои вели дека не ја познава девојката и дека истата девојка не ја пратела на социјалните мрежи и најверојатно ја демнела преку лажен профил. Исто така не знае и која била мотивацијата на девојката да направи вакво нешто.

Се верува дека имитаторката живее во Глазгов, но полицијата од Глазгов сѐ уште нема дадено известување за тоа дали случајот е пријавен. Откако Клои и нејзината сестра ја откриле приказната на Фејсбук мистериозната девојка го избришала профилот од Инстаграм.

Клои вели дека е многу исплашена бидејќи не знае која ѝ е целта на девојката и што се крие зад ова нејзино однесување.

Сподели на Facebook
пати видено