Професорка која повеќе не можела да ја поднесе ситуацијата која се случува во училиштетот каде што работи решила анонимно, како „свиркач“ да ја открие алармантната ситуација пред јавноста. Во училиштето во Англија, 17 ученика го започнале процесот за промена на полот.

Поголемиот дел од младите кои се подложени на трансформацијата се аутистични, според професорката, која изјавила дека ранливите деца со ментални промени биле „измамени“ да веруваат дека се родиле со погрешен пол. „Свиркачот“ вели дека само мал дел од трансродовите деца страдаат од полова дисфорија – медицински термин за некој што се чувствува дека е роден во погрешно тело, туку едноставно се под влијание на други луѓе, прицврстувајќи се на погрешно мислење дека тие се родени со погрешен пол како начин на справување со проблемите предизвикани од аутизам.

Професорката вели дека се чувствувала принудена да зборува за да ги заштити учениците, од кои многумина смета дека веќе почнале да ги земаат силните лекови и дека можеби ќе продолжат со хируршка интервенција. Таа смета дека училиштата и некои политичари „проголтале јадица“ наметната од моќно трансродово лоби.

Жената која ја нарекуваат Карол, затоа што се плаши да го открие својот идентитет и да го изгуби работното место на кое е веќе 20 години во интервју изјавила дека постарите ученици ги убедуваат помалите ранливи деца дека треба да си го променат полот. Еден аутистичен тинејџер наскоро ќе направи двојна мастектомија.

Учениците кои тврдат дека се родени со погрешен пол најчесто ги имитираат трансродовите YouTube ѕвезди, за кои Керол верува дека се делумно виновни за убедување на ранливите деца.

Професорката, која има свое дете, исто така верува дека многу од оние кои велат дека сакаат промена на пол се едноставно хомосексуалци, но ќе се соочат со малтретирање доколку ја кажат вистината. Спротивно на тоа, вели таа, трансродовите деца во училиштето се идолизираат од другите ученици.

Таа, исто така, изразила загриженост дека многу наставници сега се премногу исплашени да ги оспорат тврдењата на учениците дека се трансродови, бидејќи се плашат да бидат отпуштени или да бидат тужени поради тоа што се трансфобични.

17-те ученици кои сега се идентификуваат како трансродови ги следат стапките на тинејџерка која сега го напуштила училиштето и планира двојна мастектомија (отстранување на дојките).

Ученичката, која била родена како женско, ѝ кажала на Керол дека сака да се идентификува како не-бинарна – личност – без специфичен пол – во јануари 2014 година, на возраст од 16 години и две години откако ѝ бил дијагностициран аутизам.

По консултација со родителите, училиштето се согласило да го смени името на ученикот во регистарот со она кое е родово неутрален. Наставниците, исто така, се согласиле да ги користат и машките и женските заменки во зависност од тоа како се чувствува ученикот тој ден.

Керол вели дека 17 ученици кои сакаат да си го променат полот носат идентична облека, исти фризури и присвојуваат имиња на познати Јутуб ѕвезди.

Сподели на Facebook
пати видено