Стотици преплашени купувачи трчале врескајќи во полн трговски центар, затоа што мислеле дека експлодирала бомба или дека има вооружен напад.

Всушност околу 2 часот попладне паднала табла со мени пред еден од рестораните, а некои луѓе почнале да трчаат и да викаат „Бомба, бомба“, по што кренале паника меѓу посетителите.

Сведоците велат дека виделе деца кои плачат, родители кои трчаат со нивните бебиња во раце и луѓе кои тврдат дека слушнале пукотници во трговскиот центар во Кент. Подоцна полицијата го расветлила случајот и ги уверила луѓето дека станува збор за лажна тревога. За среќа никој не бил повреден.

Сподели на Facebook
пати видено