Теди Мазини поканил 32 пријатели за да го прослават неговиот роденден во пицерија во Аризона. Тој со нетрпение ги чекал гостите, но никој не се појавил. Неговата мајка Сил Мазини го фотографирала тажниот момент, во кој Теди останал сам на својот роденден.

Мајката вели дека испратила 32 покани до неговите соученици од градинката и нивните родители. Неколку од луѓето биле љубезни и најавиле дека нема да можат да дојдат, но останатите едноставно не се појавиле.

Сил ја објавила фотографијата од денот кој требал да му донесе среќа на Теди и за кратко време над 200 луѓе му испратиле топли честитки за роденден на малиот Теди. НБА тимот Феникс Санс и фудбалскиот тим Феникс Рајзинг го поканиле Теди да го прослави својот роденден на претстојните натпревари.

Теди добил искрени честики од непознати, а еден од луѓето предложил мајка му да ги испечати сите овие честитки за да ги прочита тој, кога ќе порасне и ќе може навистина да го сфати нивното значење.

Сподели на Facebook
пати видено