Жителка на Њупорт, Велика Британија, по име Ребека Еванс понуди необично решение за борба против пластичниот отпад и ѓубрето. Според неа, пластичниот отпад многу лесно може да се претвори во градежни блокови кои во ништо не се полоши од обичните блокови.

Нејзиниот начин е пластичните шишиња да се полнат со останатиот пластичен отпад, претходно соситнет на мали перчиња. Потоа вака наполнетите шишиња се користат како обични тули.

Кога ваквите ѕидови на крај ќе се покријат со обичен малтер, никој нема да погоди од што е изградена куќата. Вреди да се напомене дека според научниците, ѕидовите на таквите куќи ќе функционираат на принцип на термос: во зима ќе ја задржат топлината во внатрешноста на куќата, а во лето ќе држат ладно.












