Чуварот во болница во Флорида, кој си ги снимаше прдежите на работа во период од 6 месеци, по име Даг или познат под псевдонимот „Пол Фларт“ (од fart-прдеж) , доби отказ откако видеата (види тука) стигнаа до администрацијата на болницата. Тој решил и ова да го сними на видео и да му послужи како начин да собере пари преку страна за донирање.
Тој напишал: „Јас сум Пол Фларт и ставам видеа со прдежи на Инстаграм за да ги развеселам сите што ги гледаат. Мојата цел е да бидам првата личност која ќе живее од прдење, откако бев отпуштен од моето работно место.“
Во видеото каде што го отпуштаат Даг вработениот од болницата му вели дека тие дознале дека се снимал во болницата во неговата униформа, „необично премногу пати“ и дека тоа е забрането според нивните правила. Тој бил замолен да ја предаде значката и униформата и да престане да снима.

