Даглас Мартин или познат како „FaZe Censor“ и Јанет Гарсија позната како „најсекси метео-девојка во светот“ биле во врска 3 години. Но, нивната љубовна приказна завршила затоа што Даглас имал други планови на ум. Тој објавил видео во кое што ја објаснува причината зошто ја напушта убавата девојка и многу мажи не би се согласиле со него.

23-годишниот Мартин во видеото вели: „Јанет и јас не сме повеќе во врска. Јанет е длична девојка и го заслужува најдоброто. Таа е убава, паметна, таа беше одлична девојка. Знам дека звучи чудно што го кажувам сето ова … тоа е само, морам да го направам она што ми се чини добро.“
Тој открил дека пред 3 години отпатувал во Мексико од Њујорк самоз а да се запознае со Јанет. Тие започнале врска и таа се преселила со него во Њујорк каде што живеела една година. Но, Мартин вели дека сѐ се сменило кога Јанет одлучила да се врати во Мексико и да ја следи актерската кариера, кариерата на модел и да работи како метео-девојка.
На Мартин првин не му сметало затоа што тој играл Call of Duty цело време и сметал дека таа треба да ја прифати кариерната можност. Но, проблемите се јавиле кога тој сфатил дека повеќе не може почесто да ја посетува Јанет во Мексико, затоа што е премногу зафатен со играње на играта.
„Тогаш ми беше полесно да излезам и да ја видам. Но сега имам обврски. Сакам да освојам прстен, сакам да освојам светски шампионат, она што го сакам во мојот живот во овој момент е да го завршам Call of Duty затоа што толку многу го сакам. Ќе направам сѐ што е потребно за да бидам шампион.“ вели Мартин.
Тој изјавил дека морал да го избере својот „отров“, оној на кој ќе сака да го поминува времето и да се фокусира, а видео-играта победила. „Има само 24 часа во еден ден и јас едноставно немав доволно време да го направам она што ми требаше“, додава тој.
Гарсија објавила на социјалните медиуми дека „срцето ѝ е скршено“, а потоа продолжила со позитивни охрабрувачки статуси.






