40-годишниот Арсен и 37-годишната Људмила се поврзале со помош на заедничката љубов кон фудбалот кога се сретнале во спортски бар во Чељабинск, Русија, за време на турнир во 2002 година. Тие се венчале помалку од две години подоцна и покрај фактот дека навивале за различни тимови. Тој навивал за Барселона, а таа за Реал Мадрид.

И токму љубовта на Арсен кон аргентинскиот напаѓач Меси и симпатиите на Људмила за неговиот најголем ривал Кристијано Роналдо биле причина овие двајца да стават крај на нивниот брак кој траел 14 години. Тој рекол дека тој и неговата сопруга често се шегувале за Меси и Роналдо, но на Светското првенство таа „ја прелила чашата“.

Тој ја игнорирал, но кога го славел голот на Меси против Нигерија, неговата сопруга почнала да го исмева играчот и Арсен не можел повеќе тоа да го поднесе. „Од самиот почеток на Светското првенство, Људмила постојано се потсмеваше на мене и на мојот сакан играч, велејќи дека тој одиграл лошо и не може ниту да постигне важна казна во играта со Исланд.“, изјавил Арсен за локален весник.

Тој рекол дека бил исклучително загрижен за Аргентина за време на натпреварот против Нигерија. „Кога таа уште еднаш почна да зборува несоодветно за Меси и неговата изведба, се налутив и, за возврат, реков сѐ што ми лежеше на душа за нејзиниот убав Роналдо, за националниот тим на Португалија, за неа и за сите други клубови за кои Људмила е луда. Тогаш ги спакував моите работи и си заминав.“, додава Арсен.

Сподели на Facebook
пати видено