Жена која се сончала во парк во Англија одбила да се тргне за да можат младенците да ја направат свадбената фотосесија.
Фотографите и младенците ја замолиле жената да се помести за да можат да ја искористат природната светлина и просторот, но жената ги игнорирала и продолжила да си лежи и да чита книга додека бесните младенци и гости стоеле околу неа.
Марк Линг и Менди Крипвел сакале да ја направат свадбената фотосесија во „Тесиер Гарденс“ популарно место за фотографирање на младенци. Младенците велат дека биле шокирани од нејзината непристојност.



