Секоја година, Светската туристичка организација врши попис на туристи кои ги посетуваат земјите. Некои луѓе сакаат да патуваат во далечни локации, кои ретко ги посетуваат луѓето. Ако сте меѓу нив, можеби оваа листа ќе ви помогне да ја одберете следната дестинација за вашиот одмор.

10. Сао Томе и Принсипе – 8.000 туристи годишно

Оваа мала островска држава се наоѓа во Гвинејскиот залив, западно од брегот на Централна Африка. Државата се состои од два острови: Принсипе и Сао Томе, разделени меѓу себе 140 км. Главна суровина за извоз на Сао Томе и Принсипе е какаото и зазема околу 95% од вкупниот извоз.

Во главниот град, Сао Томе, можете да видите убава португалска архитектура, но повеќето туристи доаѓаат за Светското првенство за нуркање и риболов помеѓу јули и октомври. Друга голема атракција е Националниот парк Обо, каде што можете да гледате птици, како и планината Пико де Сао Томе, чиј највисок врв е 2024 метри.

9. Ниуе – 8000 туристи годишно

Ниуе е островска држава во Океанија. Често Ниуе се нарекува како „Карпа на Пацификот“ и локалното население ја нарекува државата „карпата“. Со население од околу 1.000 луѓе, Ниуе можеби е најголемиот корален атол, но исто така е и меѓу најмалите земји во светот.

Островот е опкружен со корални гребени, покрај своите мали димензии и уникатни плажи, Ниуе, исто така, има уште една интересна особина – високи нивоа на природна радиоактивност во почвата. Меѓутоа, како последица нема докази за какви било опасности или негативни ефекти.

8. Либија – 6250 туристи годишно

Покрај сите економски и политички проблеми што ги има Либија, причината зошто земјата влегува во оваа листа е дека нејзината клима дефинитивно не е за секого – 90% од земјата е крајно сува пустина. Само северните региони, кои се наоѓаат во близина на Средоземното Море, имаат помека клима.

7. Маршалски Острови – 6.000 туристи годишно

Република Маршалски Острови е островска република во Микронезија, Океанија. Маршалските Острови се составени од 29 острови и атоли. Најголем остров е Кваелин, а сигурно најпознат е атолот Бикини, на кој САД ја извршиле првата проба на атомска бомба. Главен град е Маџуро, на истоимениот остров.

6. Екваторска Гвинеја – 5700 посетители годишно

Екваторска Гвинеја е држава во Централна Африка. Екваторска Гвинеја е една од најпросперитетните држави на африканскиот континент, но сепак богатството е во рацете на владата и елитата, а населението нема големи придобивки истото.

Екваторска Гвинеја е позната по своите прекрасни бели плажи. Природните чуда се причината зошто земјата ја посетуваат туристи, бидејќи нуди неверојатни вулкански, водени искуства и прошетки низ џунглите.

5. Јужен Судан – 5000 посетители годишно

Јужен Судан е релативно нова земја (од 2011 година). Поради разновидноста на населението (вклучувајќи ги и муслиманите, христијаните и анимистите) и неговата географска разновидност, земјата е погодена од бесмислени граѓански војни повеќе од 40 години.

4. Кирибати – 4000 посетители

Кирибати е островска држава лоцирана во Тихиот Океан. Таа опфаќа 14 атола и 18 острови лоцирани на површина од 3 500 000 квадратни километри. Кирибати е тешко достапна земја, бидејќи островите се оддалечени и изолирани. Можете да стигнете таму со авион кој оди или од Науру еднаш на секои 1-2 недели, или од Фиџи.

3. Тувалу – 2000 посетители годишно

Тувалу е една од најмалите и најоддалечените држави во светот. Исто така, тешко е да се стигне таму, бидејќи постојат само два начини: авион од Фиџи, кој заминува за Тувалу 2 пати неделно или товарен брод (повторно од Фиџи), кој понекогаш превезува патници.

2. Сомалија – 400 посетители годишно

Пред граѓанските војни во раните 1990-ти, Сомалија беше исклучително пријателска за туристите. Земјата е извонредна поради нејзините водопади, планински масиви и национални паркови. Таму може да се видат лавови, леопарди, хиени, ноеви и многу други видови. Покрај тоа, Сомалија има огромен број на плажи.

1. Науру – 160 посетители годишно

Науру е дом на помалку од 10.000 луѓе. До тука лета само еден авион, додека исто така недостасуваат туристички атракции, хотели и ресторани. Дури и товарни испораки се ретки. Невработеноста е висока. Сепак, островот сè уште покажува сјај од својата поранешна слава, благодарение на своите плажи и прекрасни птици.

Сподели на Facebook
пати видено