Тешко е да се поверува дека Авганистан, земја истрошена од војна и религиозен екстремизам, некогаш била мирна будистичка нација. Аџии од цела Централна и Јужна Азија доаѓале во овој оддалечен планински регион, изградиле манастири и колосални статуи, копале пештери во песочник и медитирале.

Будизмот бил донесен во Авганистан во првиот век од Кушанската империја на историскиот регион Бактрија во Централна Азија. Најпознатиот Кушански император, Канишка Велики, бил голем покровител на будизмот.

Неговите освојувања и покровителство на будизмот одиграле важна улога во развојот на Патот на свилата и ширењето на будизмот низ регионот на Каракамор до Индија, Кина и други азиски земји.

Откако исламот влегол во Централна Азија и во овој древен регион во Авганистан, нетолерантните владетели наредиле уништување на сите будистички локалитети. Исламот станал државна религија и будизмот исчезнал.

Децениските војни ги претвориле во урнатините важните археолошки локалитети, а музејските колекции биле или ограбени или уништени. Последните агресивни дејства се случија не многу одамна, кога две монументални статуи на Буда во близина на градот Бамијан биле разнесени на парчиња од страна на талибанците во 2001 година.

Античкиот град Саманган на бреговите на реката Хулм исто така бил важен будистички центар. Друг историски значаен будистички локалитет под закана е античката населба Мес Ајнак, околу 40 километри од Кабул.

Од третиот до осмиот век, Мес Ајнак бил духовен центар со неколку повеќекатни будистички манастирски комплекси, кои имале капели и други објекти заштитени од високи ѕидови и древни караули.

Националниот музеј на Авганистан во Кабул е преплавен со артефакти испратени од Мес Ајнак. Недостатокот на простор ги принудил да вратат многу од нив, освен најважните парчиња.

Омара Кан Масуди, директор на музејот, се надева дека еден ден ќе можат да изградат локален музеј посветен на зачувување на споменот на Мес Ајнак.

Сподели на Facebook
пати видено