Неверојатните снимки покажуваат како 32 каскадери, мажи и жени, го рушат рекордот за најмногу тела во пламен во исто време. Смелите каскадери носеле огноотпорни костими и гел за да се заштитат од огнот, додека марширале сите заедно во Кејп Таун, Јужна Африка. Секој кој учествувал имал придружник што ја следел нивната безбедност.
Штом ја поминале линијата сите легнале на земја за да бидат изгасени од нивните помошници. Тие го срушиле рекордот што претходно бил поставен на настан во Кливленд, Охајо, во октомври 2013 година.

