Дона Стикли се шетала една недела со добитното ливче од 21 милион фунти, во нејзината чанта, пред да сфати дека таа и нејзиниот сопруг го освоиле џекпотот.

Дона и Дејвид Стикли, кои станале 5.000-ти добитници на лото на Британската Националната лотарија, денес изјавија дека „не се менуваат“ и ќе продолжат да работат и покрај нивната огромна добивка.

48-годишната дона открила дека тие купуваат лото-ливче секој петок навечер, кога одат кон пабот. Тие биле заедно 20 години, но официјално се венчале оваа година во март. Тие ги играле истите броеви секоја недела, но добиваме само мали износи.

Откако го проверила ливчето додека била на шопинг, една недела откако го купила, Дона открила дека добила повеќе пари, затоа што во дуќанот на лотаријата ѝ кажале дека не плаќаат износи над 500 фунти и дека треба да ја контактира централата.

„Таа рече ‘проверив на интернет изгледа сме добиле 2 милиони фунти’, но тоа не ми звучеше точно. Ѝ реков повторно да провери затоа што такви работи не им се случуваат на луѓе како нас. Таа ми испрати порака со износот од интернет, но погрешно прочитала, не беше 2 милиони фунти, туку 21 милион фунти!“, вели Дејвид.

Парот нема деца, а за почеток планираат парите да ги трошат на нивните родители кои се во лоша здравствена состојба, да одат на одмор и да купат автомобил, но не планираат да биде луксузен. Исто така Дона и Дејвид изјавиле дека нема да се преселат од нивната стара куќа туку сакаат само да ја реновираат.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено