Многу донатори на сперма сакаат нивниот идентитет да остане тајна. Но, не и Клив, поранешен професор по математика, кој има 65 деца и има за цел наскоро да достигне 100. Како и повеќето бели комбиња и комбето на Клив служи за испорака, но неговите пакети се прилично невообичаени.

Оженетиот 62-годишник ги испорачува своите сперматозоиди, бесплатно, на оние на кои им се потребни. Тој со задоволство искористува еден цел ден да патува од својот дом во Буртон, Стафордшир, онаму каде што неговите „услуги“ се потребни.
По пристигнувањето, Клајв паркира во близина на улицата пред да се качи во задниот дел на неговото комбе. Таму тој го исполнува шприцот со неговиот „производ“ пред да заѕвони на вратата на примачот. Тој често малку разговара со примачите, затоа што вели дека тие се прилично секогаш нервозни, а тој со разговорот се обидува да ги опушти пред да се врати во неговото комбе.

Откако започнала неговата „авантура“ со донациите Клив има 65 деца, а 14 се на пат. Тој вели дека неговата цел е да достигне до 100. Пензионираниот професор има три деца со неговата сопруга и девет внуци. Бидејќи Клив не ја нуди својата сперма преку клиника со лиценцирана дозвола за хумана фертилизација и управување со ембриони, тој е изложен на ризик да се смета за правен родител. Интересно е што тој верува дека неговото комбе ќе ги ублажи сите тврдења дека е нешто повеќе од едноставен донатор.
Клив вели: „Исто така, знам, технички, ако некоја од дамите некогаш сака да ме пријави во Агенцијата за поддршка на децата во иднина, ќе можат да ме искористат 18 години за плаќање на алиментација. Ова никогаш не се случило, но тоа е уште една причина зошто го користам моето комбе.“
Клив почнал да донира во 2013 година, а идејата ја имал на ум една деценија. Тој сакал да донира преку клиника, но му кажале дека е премногу стар. Горната возрасна граница за донирање на сперма е 35 години. Исто така Клив приложува и документи дека нема полови или друг тип на болести.


