Активистка на самопрогласената „секстремистичка“ група беше фатена на камерата како го прославува Денот на мајката, така што топлес го дои бебето во Ватикан. Посетителите на плоштадот Свети Петар изгледаа шокирано како мајка од радикалната феминистичка група Femen беше грабната од страна на полицијата додека го доеше своето дете пред толпата.
Femen откриле дека „чинот“ бил насочен кон папата Франциск да го признае правото на сите мајки да можат да дојат кога и каде и да посакаат. Во јануари, Франциск ги охрабри мајките да ги дојат своите деца ако бидат гладни за време на продолжената церемонија во Сикстинската капела каде што крсти 34 бебиња.
Тогаш рекол: „Ако почнуваат да плачат или ако им се непријатно или премногу топло или не се чувствуваат добро или се гладни … надојте ги, не плашете се, нахранете ги , бидејќи и ова е јазикот на љубовта.“
Од Femen откриваат дека овој чин намерно е изведен на 13 мај, на денот на мајките. Објавувајќи на нивната веб-страница, од Фемен велат дека новинарите што го покривале настанот, исто така, биле уапсени, при што полицијата „незаконски конфискувала фотографии и видео материјали“ земени од повеќето од нив.
Секстремистичката група има историја на протести во Ватикан. Групата е основана во Украина во 2008 година и стана позната по своите топлес акробации против владините, верските и другите јавни институции.


