Жена од Русија тврди дека е најстарата личност во светот, но вели дека нејзиниот претстоен 129 роденден е ништо друго освен „казна“.

Коку Истамбулова, од Чеченија, вели дека немала ниту еден среќен ден во целиот свој живот, и не знае како таа успеала да живее толку долго.

Истамбулова, која го избегнува месото, но сака ферментирано млеко, смета дека едноставно е „Божја волја“ што таа ќе го доживее 129 роденден следниот месец. Тврдењето дека Истамбулова е наскоро ќе влезе во 129-та година од животот е направено од страна на руската влада, и се базира на нејзиниот внатрешен пасош, кој го покажува нејзиниот датум на раѓање, 1 јуни 1889 година.

Ако е точно, Истамбулова имала веќе 27 години кога Руската револуција го соборила царот Николај II, 55 кога завршила Втората светска војна, и 102 кога Советскиот Сојуз се распадна. За време на војната, таа се сеќава на „страшните“ нацистички германски тенкови кои што минувале покрај нејзиниот семеен дом во едно село во Чеченија. Таа и нејзиното семејство подоцна биле депортирани заедно со целата чеченска нација Казахстан и Сибир од Сталин кој ги обвини за нацистичка соработка.

„Гледам дека луѓето [кои живеат долго] спортуваат, јадат нешто посебно, држат до себе, но немам поим како живеев до сега. Во мојот живот немав ниту еден среќен ден. Отсекогаш работев напорно, копав во градината. Уморна сум. Долгиот живот воопшто не е Божји дар за мене – туку казна.“, вели Коку.

Таа може јасно да зборува, да оди и да се храни, но нејзиниот вид е лош. За време на нејзиниот долг живот, таа загубила неколку деца, меѓу кои и син, кој починал на возраст од шест години. Роднините велат дека единствената преживеана ќерка на Истамбулова, Тамара умрела пред пет години, на 104 години.

„Ја преживеав Руската граѓанска војна [по болшевичката револуција], Втората светска војна, депортацијата на нашата нација во 1944 и две чеченски војни. И сега сум сигурен дека мојот живот не е среќен. Гледајќи назад во мојот несреќен живот, посакувам да умрев кога бев млада. Работев целиот мој живот. Јас немав време за одмор или забава.“, вели старицата.

Пензискиот фонд, државен орган, тврди дека има 37 лица на возраст над 110 години во Русија, но сите овие тврдења, вклучувајќи ја и Коку, не можат да се потврдат поради недостаток на веродостојни податоци за раѓање или запишување во раното детство.

Сподели на Facebook
пати видено