Плејбој зајачицата која што глуми во спотот на познатиот пејач Џастин Бибер и Калвин Харис го очекува своето прво дете со нејзиниот сопруг, милијардерот од Египет Осама Фати Рабах Ал Шариф, кој е 37 години постар од убавата бринета.

28-годишната Ксенија Дели споделила фотографија од трудничкиот стомак на нејзиниот Инстаграм профил.
Ксенија се омажи за Осама во 2016 година со луксузна церемонија на Санторини, а откако неколку дена уживале во сонцето, заминале во Швајцарија каде што живеат родителите на Ксенија, кои се скоро генерација на сопругот на нивната ќерка.
Осама ја освоил така што ѝ купувал скапи подароци како што се дијаманти, црвен Масерати, огромни букети цвеќе и патувања во неговиот приватен авион.
Иако многу луѓе ја критикуваат за разликата во годините Ксенија вели дека тоа е вистинска љубов и дека никој не смее да покаже со рака кон неа доколку нивните раце не се чисти.
Ова е втор брак за Ксенија која претходно била омажена за фотографот Патрик Кокс, кој го запознала додека била келнерка и кој ја инспирирал да се запише на курс за модели.








