Австралијанката Броди Бонд станала корисник на 220.000 долари по оспорување на тестаментот на нејзиниот татко, кој не ѝ оставил ништо кога починал. „Од тие пари, веројатно 150.000 долари отидоа на мраз(метамфетамин), за помалку од една година.“, изјавила таа.
28-годишната жена изјавила дека останатите 70.000 долари ги потрошила на алкохол, облека и автомобил, со кој подоцна имала сообраќајна несреќа и го уништила.
Броди признава дека таа и нејзиниот татко биле отуѓени, но тврди дека има право на голем дел од неговиот имот.
„Иако тој не беше во мојот живот, тој сепак ми беше татко и од тагата низ која минував во тоа време, требаше да имам корист од тоа“, вели таа.
Кога парите легнале на нејзината сметка во јуни 2016 година, Броди вели дека прославила со Џек Даниелс и вотка, додека се дрогирала со еден пријател. „Зошто да не? Не добивате секој ден толку пари.“, вели Броди.





