Починатиот Тринидадец бил полеан со шампањ Моет пред да биде кремиран по погребот, каде што бил ставен во златен ковчег и на себе имал накит од 100.000 долари. 33-годишниот Шерон Сухедо бил убиен со пукање од автомобил во движење, пред домот на родителите на неговата сопруга.
Во петокот, милионерот за недвижен имот и половни автомобили бил погребан на истиот начин на кој што живеел.
Златниот ковчег бил вреден 50.000 долари, а накитот 100.000 долари. Исто така бил ставен пар Тимберланд чизми во ковчегот. Телото на таткото на две деца било испратено до крематориумот во бентли вредно 150.000 долари.
Се верува дека накитот бил отстранет пред да биде кремиран. Полицијата истражува дали неговото семејство е на некој начин поврзано со неговата смрт.
Полицајците, исто така, изјавиле дека членовите на бандата Раста Сити го планирале неговото убиство уште пред една година, иако Сухедо бил штитен од друга ривалска банда.
Тој наводно преживеал атентат пред две години и имал голем број на полицајци на неговиот платен список за да го заштитат од неговите непријатели.






