Освен Фејсбук, социјалната мрежа Инстаграм добива се повеќе корисници. Многу луѓе ги споделуваат своите фотографии почнувајќи од храната, па сѐ до каде се наоѓаат во моментот. Многу блогери се трудат да станат познати на Инстаграм, но прашањето е, колку се спремни да вложат во нивната „инста слава“?
26-годишната Лисет Калвеиро откако се преселила во Њујорк за да работи и сакала да го претстави „гламурозниот“ живот во градот, но банкротирала и заглавила во долгови над 10.000 долари, благодарение на нејзиниот Инстаграм профил. „Сакав да ја раскажам мојата приказна за животот во Њујорк во овој млад милениум.“, изјавила Лисет.
Во тој период Лисет живеела од нејзината практикантска работа и работата како продавачка, од кои не можела да добие голем буџет за да ги задоволи „апетитите“ на Инстаграм. Сепак, се чувствувала обврзана да купува нови алишта и да патува на егзотични локации само за да стане позната на социјалните медиуми.
„Купував облека за да ја направам совршената фотографија. Живеев надвор од моите средства. Трошев 200 долари месечно за облека, а никогаш не го носев истото парче облека двапати, а исто така поголемо трошење како чанта од Louis Vuitton за 1.000 долари се случуваше на редовна база.“, изјавила девојката во интервју.
Таа исто така патувала само со авион и признава дека еднаш потрошила 700 долари на билет за патување во Остин, Тексас, само за да присуствува на концерт на Сиа. Чувствувала потреба да патува на неверојатни локации секој месец како на пример Бахамите или Мадрид, а исто така станала опседната да добие geocache марки (нешто како дигитална верзија на печатите во пасошот) на Снепчет (Snapchat).
Таа тврди дека поголемиот дел од патувањата што ги направила во 2016 година биле исклучиво за Instagram. Сите трошоци за одржување на онлајн верзија на совршен живот ја чинеле Лисет над 10.000 долари и банкрот. Таа морала да се пресели со нејзините родители во Мајами и тогаш решила дека мора да го промени начинот на живот.
Таа повторно нашла работа во Њујорк, живеела со цимери, готвела дома ги подала работите кои што претходно ги купила и трошела што е можно помалку пари. За 14 месеци успеала да се извлече од долговите. Иако сега не е во долгови Лисет не се вратила на „стариот живот“ таа сѐ уште користи Инстаграм и ја следат 16.000 корисници, но сега за фотографиите користи изнајмена облека и не оди на егзотични дестинации.







