Иако карневалот изобилува со голотија, сепак неговата историја е тесно поврзана со религијата.

Карневалот на Бразил е фестивал кој се одржува еднаш годишно, четириесет и шест дена пред Велигден. Во одредени денови од Големиот пост, римокатолиците и некои други христијани се апстинираат од конзумирање на месо и живина па оттука и терминот “карневал” од “carnelevare” што значи отстранување (буквално, “воздигнување”) на месото. Се верува дека карневалските прослави водат потекло од паганскиот фестивал на Сатурналија (Satirnalia), кој прилагоден на христијанството, претставува збогување со лошите навики во периодот на верска дисциплина со цел да се практикува покајание и подготовка за Христовата смрт и воскресение.

Сподели на Facebook
пати видено