Просјак кој им се заканувал на минувачите за да му дадат пари имал повеќе од пола милион евра во кеш. Човекот бил фатен од полицијата откако го пријавиле дека ги малтретира локалните жители да му дадат пари. Кога полицијата го апсела банкнотите почнале да испаѓаат од џебови на неговата јакна.

На полицајците им бил потребен повеќе од еден ден за да го пресметаат точниот износ на паричните средства и заклучиле дека просјакот со себе носел неверојатни шест милиони шведски круни или 604.583 евра. Тој ги вознемирувал луѓето пред Resecentrum станицата во Упсала.

Бидејќи најголемата банкнота во шведската валута е 1.000 круни(100 евра), човекот морал да има најмалку 6.000 банкноти на него. Портпаролот на полицијата на Упсала соопштил дека анонимниот човек бил уапсен под сомнение за перење пари, што во Шведска може да доведе до двегодишна затворска казна. Тој рекол дека човекот бил „многу лут“ кога барал пари, но полицијата не знаела дали ги добил парите преку просење. „Тој можел да добие огромна сума преку освојување на лотарија или од приноси од криминал.“, рекол портпаролот.

Човекот тврдел дека се обидувал да собере доволно пари за да стигне до воз до својот дом во западниот дел на Шведска. „Никогаш не сум слушнал за толку многу пари во таква ситуација. Имаше се повеќе и повеќе снопови. Секој кој шета со околу шест милиони во готово ќе биде осомничен за криминал.“, изјавил шефот на полицијата Џеле Поларевиус.

Упсала е четврти по големина град во Шведска, околу 80 километри северно од Стокхолм.

Сподели на Facebook
пати видено