Двајца браќа од Бразил кои имаат бицепси од околу 70 сантиметри ја откриле тајната на нивната неверојатна големина – редовни стероидни инјекции. 49-годишниот Тони Хулк Гералдо и 50-годишниот Алваро Конан Переира, инјектираат опасни хемикалии уште кога биле тинејџери за да направат нивното тело да изгледа што е можно поголемо.

Браќата од Рио, Бразил тврдат дека тие некогаш биле „зависни за да станат големи“, но сега веруваат дека ја имаат ставено опсесијата под контрола. Освен што користат инекции, браќата редовно вежбаат заедно и следат строга диета. Хулк објаснува дека јаде на секои три часа; обично јајца, слатки компири и месо. Додека Конан јаде четири пати на ден и се обидува да консумира 4.000 до 6.000 калории дневно. Тие често ќе консумираат 12 банани и шест жолчки пред да вежбаат.

Имало времиња кога браќата биле толку големи што не можеле да поминат низ вратите. Конан инјектира суплемент наречен Potenay B12 во бицепсот и нозете, уште кога наполнил 15 години. Неговиот брат тргнал по стапките на Конан кога наполнил 18 години.

Тие објаснуваат дека започнале со инјектирање на стероиди, бидејќи се чувствувале „премногу слаби“ кога биле тинејџери, Хулк имал 49 килограми, а Конан тежел 70 килограми. Докторот на бодибилдерите неодамна инсистираше да престанат со инјектирање поради здравствени причини и бидејќи нивната кожа не може повеќе да се шири.

Potenay B12 треба да се користи само за ветеринарни цели, на животни како што се коњите. Конан ја запознал неговата сопруга во теретана и таа и нивните седум деца го поддржуваат во неговите активности. Но, сопругата на Хулк со која е во брак 27 години и имаат три деца, не го одобрува животниот стил на Хулк, затоа што се плаши за неговото здравје.

Сподели на Facebook
пати видено