Еден маж од Кина го изгубил чувството на телото од половината надолу откако континуирано 20 часа играл видео игра во интернет-кафе. Додека болничарите го носеле на носила кон болницата „опседнатиот“ гејмер ги молел неговите пријатели да ја продолжат незавршена игра за него.
Човекот, кој останува неидентификуван, наводно почнал да ја игра играта од вечерта на 27 јануари, додека неговите пријатели побарале помош во попладневните часови на 28 јануари. Тој сфатил дека не може да го движи долниот дел од телото кога сакал да оди во тоалет, во интернет-кафе во Јиахинг, провинција Жеџијанг.
Еден од неговите пријатели кој бил на местото на настанот изјавил: „Се чини дека целосно го изгубил чувството и не можел да се движи воопшто. Моравме да повикаме брза помош.“ Останува нејасно која игра ја играл човекот. Во видеото се гледа како неговиот пријател и болничарите се обидуваат да го преместат непознатиот маж од столот на носилата. Тој наводно уште се наоѓа под надзор на болницата.
Зависноста од видео игри стана познато општествено прашање кај младите луѓе во Кина, со зголемување на бројот на млади луѓе кои избираат да ги игнорираат своите студии, социјалниот живот и семејството за да сурфаат на интернет или да играат онлајн игри. Многу родители ги користат т.н. кампови за рехабилитација „дигитални детоксикација“ како последно средство за спречување на фиксација на нивните деца во дигиталниот свет.
Интернет зависноста се смета за клиничко нарушување во нацијата. Една од најпопуларните игри во Кина се вика „King of Glory“.




