Саудиската полиција изјавила дека ги уапсиле сите што биле вклучени во геј свадбата која се одржала во близина на светиот град Мека. На видеото се гледа како двајца мажи одат рамо до рамо и конфети се фрлаат врз нивните глави. Еден од нив носи нешто како вел. Оваа видеот предизвикало голема вознемиреност откако станало вирално на социјалните мрежи.

Сега полицијата објави дека ги уапсила оние кои биле вклучени во претпоставената свадба откако еден човек кој присуствувал на фестивалот во одморалиштето во близина на Мека го пријавил инцидентот. Во соопштението објавено на Твитер, Полицијата во Мека објасни: „Човекот рече дека луѓето што присуствувале на настанот биле изненадени кога неколку млади луѓе влегле во местото и се обиделе да извршат ‘геј свадбена сцена’ “.

Еден сведок изјавил дека еден од „младоженците“ бил crossdresser(повремено облекување на облека која традиционално е доделена на спротивниот пол). Хомосексуалноста е казнива со тешка казна во Саудиска Арабија почнувајќи од камшикување до смрт. Таа е забранета на исламска основа, како и во многу други земји на Блискиот Исток и поширокиот во муслиманскиот свет.

Многу изреволтирани граѓани објавиле на социјалните мрежи дека за хомосексуалноста во Саудиска Арабија се виновни странците, затоа што тие „ја донеле со себе“. Но, други го пофалиле новиот лидер на земјата, Мохамед бин Салман, за создавање на „потолерантно општество“. Тој веќе објави дека жените ќе можат да возат во Саудиска Арабија од јуни оваа година.

Сподели на Facebook
пати видено