Луѓето се многу нетрпеливи кога станува збор за божиќните подароци. Подароците секогаш не привлекуваат да ги отвориме и да ја задоволиме нашата љубопитност. Барем така е за повеќето луѓе. Можете ли да замислите да не го отворите подарокот 47 години? Токму тоа го направил Адриан Пирс, од Канада.
Во 1970 година Адриан добил подарок од неговата девојка Вики. Тој многу бил заљубен во Вики и мислел дека ќе останат заедно засекогаш. Но, Вики имала други планови.
На истиот дека кога му го дала подарокот, таа му раскинала. Скршен од љубовната „трагедија“ Адриан се вратил дома и го ставил подарокот под новогодишната елка. „Таа ми го даде подарокот и јас го однесов дома. Имав долга прошетка до дома и бев вознемирен и лут, ги чувствував сите оние работи кои ги чувствуваат луѓето кога некој ќе ги напушти. Откако моето семејство ги отвори подароците остана само подарокот од Вики. Му реков на моето семејство дека никогаш нема да го отворам тој подарок.“, вели Адриан.
Иако се сретнал со Вики неколку години подоцна и сфатил дека повеќе и двајцата не се заинтеренсирани еден за друг, Адриан го задржал подарокот. По 47 години тој сè уште го нема отворено подарокот. Кутијата почнала дури и да се распаѓа, а Адриан уште го става подарокот под елката. Сите го молеле да го отвори подарокот вклучувајќи ги и неговите деца и сопругата, но тој одбива.
Тој вели дека секоја година се прашува што се крие во кутијата и се водржува да не го отвори. Неговата сопруга почнала да се лути и изминатите неколку години не го ставал подарокот под елката.
„Првично го чував затоа што претпоставував дека повторно ќе бидеме заедно и ќе го отвориме заедно. Сега тоа е само навика по 47 години гледање и задоволство да не го отворам. Можеби не сакам да знам што има внатре. Повозбудливо е сега кога не го отварам.“, вели Адриан.
Адриан се обидувал да ја контактира Вики за да му каже што има внатре, но не успеал да дојде до неа. Тој сега размислува да направи натпревар во кој луѓето ќе треба да погодат што има во кутијата.






