54-годишниот Збигниев Рекет, заедно со неговата мачка, бил спасен од страна на француската крајбрежна стража по седум месеци „талкање“ низ морето. Рекет пловел во модифициран чамец за спасување без храна или каква било способност да побара помош.

Рекет се обидувал да отпатува за Јужна Африка, но наишол на проблеми и бил спасен долж брегот на островот Реинион, источно од Мадагаскар. Неговата мачка, Самира, била неговата единствена пријателка на оваа долго патување. Откако Рекет ги потрошил супите кои ги обезбедил за само еден месец, тој морал да лови риба од океанот за да преживеат.

Рекет, кој по потекло е од Полска, живеел во САД, но не можел да се врати по посетата на Индија, бидејќи неговата зелена карта повеќе не важела. Тој во Индија го купил својот брод, кој првично бил чамец за спасување на брод за крстарење.

Тој планирал да отплови до Џакарта, Индонезија, но јарболот се скршил. Така Рекет успеал да стигне до Коморските Острови, каде што ја нашол Самира и поминал две години таму, додека го поправал својот брод и се обидувал да контактира со властите во Полска преку амбасадата во Кенија.

Наводно, полската амбасада му дала на Рекет 150 евра за да му помогне, но одбиле да го вратат. Како резултат на тоа, тој одлучи да се обиде да плови до Дурбан, Јужна Африка со Самира, но наишол на проблем.

Тој тврди дека неговиот брод се расипал и дека големите бранови го уништиле неговото радио и другата опрема. Така тој и неговата пријателка биле носени од ветерот низ океанот, цели седум месеци. Доколку Рекет успеал во својата намера, тој би пловел 1.900 низ Мозамбичкиот канал, по кој има сообраќај. Наместо тоа, тој тврди дека залутал кон Сомалија, потоа Малдивите, а потоа Индонезија повторно, но никогаш не можел да го насочи својот брод кон копното.

„Неколку пати можев да видам копно, но никогаш не можев да се свртам кон него. Јас забележав неколку бродови, но батеријата на моето радио беше мртва“, тврди тој. Тој бил пронајден во добра здравствена состојба и сега се наоѓа на островот Реинион и како граѓанин на ЕУ размислува да остане таму.

Сподели на Facebook
пати видено