61-годишниот возач на лимузина, Марк Хјуз, денес ќе се лансира во ракетата што сам ја направил, со цел да докаже дека земјата не е тркалезна. Според него, кога ракетата ќе достигне 500 метри височина, ќе може да ја фотографира „плочата на која сите ние живееме“. За ракетата тој собра 17.000 долари од луѓе со сличен памет на неговиот, а според коментарите на некои претходни теми, ги има и во Македонија.

Инаку човекот на прекар го викаат Лудиот Мајк, затоа што во 2014 година одвај остана жив од еден исто ваков обид, со рачно изработена ракета да види со свои очи каде тоа ние живееме.

Инаку паметните луѓе во историјата пред илјадници години утврдиле дека земјата е тркалезна, а на следното видео (клик тука), Карл Сеган ќе ви објасни како.

Сподели на Facebook
пати видено