Децата имаат најголема доверба во своите родители, особено татковците ги сметаат за свои херои кои секогаш ќе бидат тука за нив кога се во неволја. Но, како ќе реагира едно дете кога неговиот татко ќе му каже дека ќе го напушти за да живее како транссексуалец во улога на 6-годишно девојче?

Кога Паул наполнил 46 години го напуштил својот живот, сопругата и 7-те деца за да стане Стефонке Волсчат, која според него има шест години. Тој сфатил дека е трансродово лице и кога неговата сопруга му дала ултиматум „или престани да бидеш транссексуалец или замини си“ Паул решил да ја напушти сопругата со која бил 23 години, заедно со неговите збунети деца.

Паул за Дејли изјавил: „Јас не можам да трестанам да бидам трансексуалец. Тоа е исто како да ми кажала престани да бидеш висок 190 сантиметри или замини.“ Тој тврди дека чувствувал дека не припаѓа во неговото тело кога имал 6 години и им завидувал на девојчињата од неговото училиште кога носеле фустанчиња. Но, тогаш не бил свесен што му се случува и продолжил да живее како Паул.

Откако се оженил со Марија, Паул почнал да ја носи облеката на неговата сопруга, додека биле сами и тоа тогаш не и сметало на Марија. Таа дури му и купувала костими за тој да ги носи. Но, кога тој и објаснил зошто го прави тоа сопругата била револтирана.

Една вечер Паул за време на вечерата им признал и на децата дека тој е жена и дека сака да се облекува како 6-годишно девојче. Децата биле збунети и згрозени од зборовите на нивниот татко. Сега Стефонке се преселил во Торонто каде што требало да прима хормонски терапии. Тој бил отпуштен од работното место како механичар и завршил во засолниште за бездомници и размислувал за самоубиство.

За работите да станат уште по бизарни, Стефонке „била“ посвоена од „родители“ кои и дозволуваат да се облекува како мало девојче и да се игра со нивните внучиња.

Стефонке вели: „Имам мама и тато кои ме посвоија и на кои не им смета што сум мало девојче. Исто така нивните деца и внуци не поддржуваат.“ Стефонке сега прави „детски работи“ со новите „родители“ се игра со играчки, боенки и пече колачиња.

  

Сподели на Facebook
пати видено