Кога луѓето извршуваат самоубиство најчесто имаат само еден мотив на ум. Но, многу често самоубиствата не одат според „планот“. Се проценува дека зад секое „успешно“ самоубиство стојат 33 неуспешни обиди. Некои од овие обиди предизвкале многу непредвидливи последици.

6. Скапи обиди за самоубиство

Кој би рекол дека обидите за самоубиство можат да ги чинат скапо останатите луѓе, или поточно 1 милион евра. толку пари биле потрошени за да се спасува безброј пати Ејми Бет Даламура од Британија, која се фрлала од брегот за да се удави во морето. Спасувачки екипи биле повикувани повеќе од 50 пати и иако и било забрането со судска одлука да се приближува до брегот Ејми продолжила со обидите за самоубиство.

5. Лош план

33-годишниот Кевин Керол од Манчестер во 2017 раскинал со неговата девојка со која бил 10 години и решил да се самоубие. Тој ја отворил цевката за гас во неговата соба и ставил јорган врз себе. Но, наместо да умре тој заспал. Тој бил разбуден од неговиот цимер кој тропал на вратата, а Кевин земал запалка и ја дигнал куќата во воздух. Но освен нивната куќа биле уништени и неколку соседни куќи и целата улица заедно со основното училиште била евакуирана. За чудо Кевин, иако со тешки повреди, останал жив.

4. Со еден куршум

Кога полицијата во станот на Британи Меј и нејзиното момче Виктор Сибсон ги пронашле и двајцата со прострелна рана од пиштол, но имало само еден куршум. Британи пред да почине успеала да објасни дека Виктор сакал да се самоубие и си пукал во главата и истиот куршум кој му поминал низ главата завршил во градите на Британи. Подоцна Британи починала а Виктор останал жив.

3. Необичен сведок

Глена и Мартин Дурам биле пронајдено со прострелни рани во нивната куќа. Глена имала само една, а Мартин пет. Глена напишала и писмо во кое се опростувала од нејзините деца. Глена успеала да преживее, но тврдела дека таа не го убила нејзниот сопруг и дека обидот за самоубиство бил пред тој да биде застрелан. Но нивниот семеен пагал ја запомнил расправијата помеѓу двајцата сопружници и ја „раскажал“ приказната пред судот. Глена добила доживотна казна затвор.

2. Карма?

Вера Чезмак од Прага дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува во 1970-та година. Таа решила да се самоубие така што ќе скокне од третиот кат. Вера паднала врз случаен минувач кој и го ублажил падот и таа останала жива, но човекот починал. Случајниот минувач бил нејзиниот сопруг.

1. Погрешна смрт

19-годишниот Кун Јалаепат од Тајланд решил да се самоубие затоа што бил љубоморен и мислел дека неговата девојка го изневерува. Тој и неговите пријатели отишле на пикник на плажа, а Кун откако се напил влегол во водата со цел да се удави. 6 негови пријатели тргнале да го спасат, но 4 се удавиле. Двајца успеале да го спасат Кун.

Сподели на Facebook
пати видено