Што би направиле Вие доколку некој Ви ја подари својата кредитна картичка и Ви каже дека можете да си купите што и да посакате со неа? Звучи неверојатно, но тоа навистина и се случило на девојка по име Леган, која својата приказна на објавила на социјалната мрежа Твитер. Неодамна Леган одбила да се запознае со едно момче, кое не сакало да се откаже од борбата да ја придобие Леган. Затоа направин нешто за што најверојатно ќе се каe до крајот на животот.

Тој ѝ ја подарил привремено кредитната на Леган и ѝ дал дозвола да си купи сè што ќе посака. Некои луѓе доколку се најдат на местото на Леган би го одбиле човекот, но девојката решила да ја игра неговата игра. Иако човекот очекувал таа да си купи шминка или некоја маркирана облека, девојката имала изненадување за него. Логан си ги исполнила детските соништа и си купила огромен детски замок на надувување, кој бил прилично скап.

Дечкото бил шокиран од одлуката на Леган и веднаш се соочил со неа и ѝ пишал: „Душо што е ова? Дали ти купи е**н замок на надувување?“ Девојката го споделила нејзиното искуство на Твитер и ги поканила сите што ќе го прочитаат твитот да и се придружат на забава во нејзиниот нов огромен замок на надувување. Иако се очекува коментарите да бидат негативни, сепак Леган добила голема поддршка од корисниците и тие го осудувале човекот кој, дал пристап до својата картичка на скоро непозната личност.

Очигледно е дека додворувачот сакал да и покаже дека ќе ја третира како принцеза и затоа таа решила да си купи и замок.

Сподели на Facebook
пати видено