Сите знаеме дека студентите се мрзливи, особено ако некогаш и самите сме биле студент. Можеби цимерот бил целосно гнасен и не сакал да чисти и хигенските навики му биле далеку од совршени? Но, колку треба да сте мрзливи за да дозволите Вашиот студентски стан да биде „брендиран“ како „Највалканиот студентски стан во Велика Британија“ ?
Британи Купер е 19-годишна британска студентка која студира недвижен имот на Универзитетот во Западна Англија и таа поседува еден од највалканите станови во Велика Британија. Таа го дели својот стан со пет други цимери, а заедно со своите „навики“ го претвориле станот во пекол. Целиот нејзин стан е покриен со канти за отпадоци што се прелеваат со ѓубре, има кутии за пица поставени по страните па дури и по средината на станот, а со оглед на тоа колку често се оставаат работи по подот скоро и да нема место за движење.
Сепак, верувале или не, оваа млада жена има многу добра причина да се гордее со тоа што живее во она што може да се нарече депонија. Меѓутоа, кога нејзиниот татко ја видел состојбата во која се наоѓа нејзиниот стан, тој предложил нешто што многу малку би се осмелиле да го сторат и навистина се исплатело.
Целата приказна започнала кога страната web-blinds.com отворила конкурс за да го пронајде „Највалканиот студентски стан во Велика Британија“. Таткото на Британи ја охрабрил да се пријави за конкурсот, но тоа го направил на шега. Но, тој не знаел што ќе се случи кога таа одлучила навистина да учествува.
По доставувањето на шокантните фотографии, веднаш ја добила популарноста и била „крунисана“ како победник. Британи победила 980 други учесници и освоила награда од 500 долари.
Британи изјавила: „Мојот татко сега вели дека сака да ги дели парите 50/50 со мене, но тоа нема да се случи. Парите ќе ги искористам за декорирање на мојот нов стан кој ќе го користам во втората година од студирањето. Јас имам цел мојот нов дом да го одржувам многу почист.“
Портпаролот на web-blinds.com, Кирсти О’Саливан, изјавила: „Не беше лесно да се избере само еден победник од фотографиите доставени од студентите, за нашиот највалкан натпревар. Всушност ни беше и прилично тешко воопшто да погледнеме некои од фотографиите.“
Затоа ако очајувате затоа што облеката Ви е расфрлана или прашината не е избришана, сетете се дека таму некаде постојат и вакви луѓе, кои сметаат дека е нормално да се живее во тотален хаос.






