Тешко е да се гледаат „бебињата“ на Поли Борланд. Овој фетиш изгледа толку бизарен што воопшто не е чудно што вознемирува толку многу луѓе. Но, Поли 1990-тите, решила да направи сочувствителна фотосесија со која на овие луѓе нема да се гледа се одбивност. Интимните желби се вистински предизвик за еден фотограф, а овие „бебиња“ биле свесни за експлоатацијата која ќе ја предизвикаат.

Paraphilic Infantilism, или синдромот на возрасни бебиња, е можеби една од најнепознатите „перверзии“. Тајната и консензуалната, практиката на возрасни (најчесто) мажи кои се облекуваат како мали деца, со пелени и цуцли, едвај е позната надвор од светот на учесниците и специјалистите. Постојат малку истражувања на оваа тема, а во почетокот на 1990-тите години нивното разоткривање било навистина шокантно.

Иако спротивно од популарното мислење, нивните навики немаат врска со педофилија, а најчесто немаат ниту кексуална позадина. Сепак е тешко да се сочувствува со мажите на овие фотографии, но сепак можеме да заклучиме дека нивниот фетиш им значел толку многу што не им пречело да бидат и јавно понижени.

Сподели на Facebook
пати видено