Валери Џонсон од Англија наместо 10 минути се возела 8 часа и залутала 480 километри се до Шкотска, откако работници поради работа на пат ја пренасочиле. 83-годишната жена снемала гориво во Шкотска, а нејзината загрижена ќерка ја пријавила за исчезната и морала да го фати првиот лет до Шкотска за да ја земе мајка си.

Валери имала закажан термин во болницата, но таа го промашила пренасочувањето и продолжила право по автопатот со нејзината Тојота. Нејзиното семејство веднаш ја пријавило за исчезната, а ја пронашол пар откако и снемало гориво.

На сликата се гледа колкав пат поминала 83-годишната Валери

Нејзината 49-годишна ќерка Керен вели: „ Ми се јави сосетката за да ми каже дека мајка ми ја нема да се врати од прегледот, се загрижив дека нешто и се случило и пријавив во полиција. Кога полицајците ми кажаа дека е забележана на камера на автопатот им реков дека е грешка затоа што мајка ми не сака да вози далеку, но кога видовме дека се работи за неа и дека веќе влегла во Шкотска, моравме да се обратиме и до шкотските власти.“

Ќерката на Валери, Керен

Маж и жена од Шкотска заблежале дека пред нивната куќа застанал автомобил кога излегле да прашаат што се случило 83-годишната жена им кажала дека се изгубила и тие веднаш повикале полиција. Тие ја примиле жената во нивната куќа и ја згрижиле додека да дојде Керен.

Сподели на Facebook
пати видено