Исидор Хит Кембел си го променил името во Исидор Хит Хитлер, на денот на годишнината од крајот на Втората Светска војна. Тој има 9 деца со 5 жени и нема старателство над ниту едно од нив и сите се дадени на посвојување. Исидор за прв пат го привлече вниманието на јавноста во 2008 година кога во слаткарницата не сакале да напишат на роденденска торта „Среќен роденден Адолф Хитлер Кембел“, името на неговиот сега 11-годишен син.

„Одлично е, мојата возачка дозвола е сменета, осигурањето, регистрацијата, се што ми е потребно е сменето. Јас сум новиот Хитлер,“ вели Исидор. Тој исто така вели дека намерно го сменил името така за да неговите иницијали I.H.H бидат кратенка за I Hail Hitler ( Го поздравувам Хитлер).

Тој на последното сослушување на право на посета на своите деца во 2013 година, присуствувал облечен во нацистичка униформа. Тој го изгубил старателството поради обвинение за семејно насилство и поради психичка неспособност да се грижи за децата.

Според судските записи Исидор е неписмен и невработен целиот свој живот. По судењето му бил доделен и психијатар, но тој не сакал да го псоетува, затоа што психијатарот бил Евреин.

Освен синот Адолф Хитлер Кембел, тој на останатите им дал имиња како Хенрих Хорнс, Ева Лин Патриција Браун, Џојс Лин Ариевска Нација Кембел и Хонзлин Џенин Кембел.

„Мислам дека луѓето треба да ги одведат главите од облакот, во кој биле, и да почнат да се фокусираат на иднината, а не на минатото“,вели Исидор Хитлер.

