47-годишна жена од Аризона, која сакала да прошверцува херон вреден 45.000 долари, била фатена од страна на службениците на царината и граничната заштита на САД, во пристаништето Ногалес Денис ДеКончини. Жената сакала да влезе од Мексико во САД пешки и хероинот го обвитката околу нејзиниот задник.

До крајот на денот властите во пристаништето заплениле кокаин и хероин во вредност од повеќе од 410,000 долари и на метамфетамин, во вредност од 65.000 долари. Метамфетаминот исто така бил шверцан од страна на 38-годишна жена од Аризона, која се враќала од Мексико.

Подоцна уште една 26-годишна жена од Аризона била претресена од страна на полицијата и кај неа бил пронајден хероин во вредност од 178.000 долари, сместен во задното седиште на нејзиниот автомобил. Сите лица биле уапсени и предадени за понатамошна истрага.

