Чарлс и Тајлер Вокер, татко и син од Орегон, рекреираа фотографија од минатото, снимена за време на заедничко капење на таткото со неговиот син, кој што е сеуште бебе. Оригиналната фотографија е преслатка и покажува момент на зблужување помеѓу татко и син. Но затоа новата преработка на фотографијата изгледа бизарно.


Тајлер ја постирал фотографијата на Фејсбук и таа станала вирална со дури 26.000 коментари. Тој како опис на сликата напишал: „И двајцата сме пораснале малку…“


Во еден коментар пишувало: „ Зошто луѓето не можат да имаат нормални слики со нивните роднини!“, додека пак друг коментар гласел: „Ова е урнебесно на најчудниот можен начин!“


Уште еден проблем со сликата е што таа воопшто не наликува на оригиналот. На првата слика кадата е наполнета со вода, а на втората е празна, на првата слика двајцата се фатени од сосема различен агол и не се гледаат толку експлицитните делови. На многу од Фејсбук корисниците им олеснало кога забележале дека таткото сепак носи шорцеви.

Сподели на Facebook
пати видено