Овие жени засекогаш ја промениле историјата со тоа што биле силни, храбри и хумани без оглед на тоа што општеството очекувало од нив во тој даден момент.
Муслиманка ја покрива жолтата ѕвезда на нејзината сосетка Еврејка за да ја заштити од фашистите. Сараево, 1941.

Мод Вагнер, првата жена-тату ументик во САД, 1907

18 – годишната Симон Сегуан, борец на Движењето на отпорот, за време на ослободувањето на Париз, 19. август 1944

Сарла Такрал, 21 година, првата жена од Индија со пилотска дозвола, 1936

Кетрин Свицер, првата жена која трчала на Бостонскиот маратон, и покрај обидите на организаторите да ја запрат, 1967

Авганистанки во јавна библиотека пред Талибанците да ја освојат власта, 1950

Анет Келерман позира во костим за капење поради кој ќе биде уапсена под обвинение за непристојно однесување во јавност, 1907

Првиот женски кошаркарски тим од колеџот Смит, 1902

Фотографија на жена самурај, доцниот 19. век

106-годишна Ерменка го заштитува својот дом со автоматска пушка АК-47

Жени боксираат на покрив во Лос Анџелес

Швеѓанка удира неонацист со нејзината торба. Наводно, жената преживеала неколку години во концентрационен логор, 1985

Натпреварувачки во возење со ролери, Њујорк, 1954

Ени Лампкинс, активистка за право на гласање во градскиот затвор на Литл Рок, 1961

Членки на мотоциклистичката банда Хелс Ејнџелс

Девојчиња носат тешки блокови лед откако машките работници биле мобилизирани, 1918

Комако Кимура, борец за право на глас на жените на марш во Њујорк, 23. октомври 1917

Марина Гинеста, 17-годишна милитантна комунистка во Барселона за време на Шпанската граѓанска војна, 1936

Ана Фишер, „првата мајка во вселената“, 1980

Жена активист после „Ноќта на теророт“ во која 33 активистки за права на жените биле уапсени за „спречување на сообраќајот“ и биле жестоко тепани од страна на затворските чувари, 1917

Маргарет Бурк Вајт, фотограф, на врвот на зградата Крајслер, 1934

Мајка си игра со детето на плажа, 1950

Елспет Бирд, за време на нејзиниот прв обид англичанка да го пропатува светот на моторцикл.

Две жени за прв пат јавно ги покажуваат своите нозе во Торонто, 1937

Жена пие чај после бомбардирањето на Лондон од страна на Германците, 1940

Вини заварувачката (една од 2000 жени кои работеле во американските бродоградилишта за време на Втората светска војна), 1943

Џени Манфорд маршира на Парада на гордоста заедно со нејзиниот син хомосексуалец, 1972

Сабиха Ѓукччен од Турција позира во нејзиниот авион. Во 1937 таа стана првата жена пилот на борбен авион.

Волонтерки учат како да гаснат пожар во Перл Харбор, 1941-1945

Украинка му дава вода на заробен советски војник, 1941

Жена ѕидар високо над Берлин, 1900

Железничарки на ручек. Повеќето од нив се сопруги, а некои и мајки на мажите коишто заминале во војна, 1943

Првите жени кои даваат заклетва во американскиот марински корпус, 1918

Елен О`Нил, првата жена професионален скејтер, 1976

Мајки од Париз со своите тела ги шитат нивните деца од германскиот снајперски оган

Капетан Нивес Фернандез, партизанка од Филипините, на американски војник му покажува како убивала јапонски војници за време на окупацијата, 1944

Холанѓанка одбива да го остави нејзиниот сопруг кој бил германски војник, откако сојузниците го заробиле. Заминала во заробеништво заедно со него, 1944

Гертруд Едерл, првата жена која го препливала Ла Манш, 1926

Авијатичарката Амелија Ерхарт, првата жена која го прелетала Атлантскиот океан, 1928

Авганистанки студираат медицина, 1962

Британски наредник тренира жени од „армијата мајки“, цивилна одбрана за време на Втората светска војна, 1940

Иконска фотографија на загрижена мајка на седум деца за време на Големата депресија, 1936

Марш за еднакви права на жените, Детроит, 1970

Полицајка од Лос Анџелес ја користи фиоката на своето биро како колевка за напуштено бебе, 1971

Жени снајперисти од Советската трета армија, 1945

Мајка покажува слика од нејзиниот син на воени затвореници кои се вратиле дома, во обид да го најде, Виена, 1047

Леола Н. Кинг, првата жена сообраќаец во САД, 1918

Ерика, 15-годишна жена борец од Унгарија која се борела против советските окупациски војски.

Американски медицински сестри слетуваат во Нормандија, 1944

Работничка на авио-компанијата Локхед работи на авион Р-38, 1944

Медицинска сестра од Црвениот крст ги запишува последните зборови на британски војник, 1917

Жени пилоти слегуваат од нивниот В-17, 1941-1945


