10 неверојатни факти кои веројатно не сте ги знаеле
- Во популарниот „Лего филм” се користат 3.863.484 парчиња лего коцки, а за да се направи продолжение на филмот би биле потребни околу 15.080.330 парчиња лего коцки, како би се изработиле нови 180 мини лего фигури.

- Популарниот лик од Војна на звездите, суштеството Ранкор било креиран со спојување на мачка и компир.

- Најмалиот објект некогаш фогографиран е сенка на атом. Го фотографирал тим од Универзитетот Грифитс со помош на микроскоп со супер висока резолуција.

- Од милиони суштества на Земјата, луѓето се само едни од трите видови способни да се смеат, останатите две се шипманзата и стаорците.

- Една единка мравка може да живее 29 години.

- Во само 6 часа, сите пустини на светот апсорбираат онолку сончева енергија колку луѓето трошат во една година.

- Од дијареа умираат 760.000 деца годишно. Наспроти тоа, многу помалку умираат од СИДА, маларија и сипаници иако се далеку посмртоносни болести. Најголем причинител за дијареја се недоволно хигиенските услови.

- Зајаците имаат најдалекусежно видно поле, со можност за панорамски поглед од 360 степени. Тоа им помага да ги забележат грабливците од сите правци.

- Октоподот е едно од поинтелигентните морски животни. Тие имаат способност да се прикријат во рибарски бродови и отвори, како би јаделе од рибите фатени во јамка.

- Човечкото око е толку чувствително, што доколку планетата Земја има рамна површина и во темнина запалите свеќа, нејзиниот отсјај ќе биде виден од 50 километри оддалеченост.

+